subota, 23. lipnja 2012.

zaludno ja budev, se razbudi poinakva i nova


радувај се!

Нека нема грижа на твоето лице
Јас ќе ги платам сметките за струја
И ќе ги избришам твоите солзи
Додека го чекаш последниот воз
Со кој ќе стигне маслото
Јас ќе те гледам после, намачкана, светната
Кога ќе се радуваат коските твои
Оти вината била протерана и си заспала
Со сон на праведник
И си живеела живот на дете

petak, 22. lipnja 2012.

all about frogs and princesses

принцот  коњ, жабата и new age
мит којшто чека да биде создаден или
... како да бакнеш жаба во еден до два потега

Жабата секогаш е тука, како бедем на стварноста. Нејзината крастава кожа е почетокот на приказната. Потенцијалните принцези во принцип се алергични на краста и страдаат од синдром на „сегашност“, поради што не можат просто да замижат и во занесот на едно салто мортале за подобро утре, да ја допрат краставата уста. Затоа нивниот потенцијал останува неискористен, а тајната на внатрешните метаморфози неоткриена.
Сè јава на бранот на слаткиот космички бакнеж кој им го враќа вистинскиот облик на нештата.

Сè јава на бранот на слаткиот космички бакнеж кој им го враќа вистинскиот облик на нештата.
Така, навидум се неспоиви елементите на кравјо лудило, жабји копани, магарешко опавче и кралски кринови, но во принц-ип сето тоа е едно исто. Наместо некој да истражува до бескрај со алхемиски трикови google for free, доволно е однапред да знае што да посака…



fingirana fuga na pazar!

Д е н о т   к о г а     п о б е г н а в     о д
с е б е с и

Бев на пазар. Купував домат, лук, тиквички. Потоа не сакав да ги земам од тезгата, почнав да трчам бегајќи од можноста дека ќе се видам, себеси.
Од десната страна навистина стоев Јас.
Продавачката се стрча по мене. Се бркавме низ тезгите. Конечно ми ги даде доматите и останатото.
Кога стасав дома видов дека денот не е заведен под одреден број во календарот и не можам да ја документирам ненадејната фуга. Се сетив на лисјата коишто паѓаат циклично, не само еднаш и не засекогаш. Можеби затоа овој ден не постои, за да го прекине ова неподносливо гонење низ тезгите, кога мислиш дека бегаш од смртта, а всушност ѝ трчаш во пресрет.


how to make plans

п л а н о т   н а    т а ј н а т а ...


Не грижете се за тоа што ќе дојде ПОТОА
Бидејќи ќе откриете кога ќе дојде
Дури и да е љубов
Тоа ПОТОА
Сепак
Да се биде среќен заради самото битие
Да ти била најголемата тајна на постоењето




i n c o n v e n i e n c e


 

INCONVENIENCE

Од каде таа суптилна нелагодност, протната побрзо од светлината низ иглените уши на мојава Стварност?
Гледам, низ сликата за себе, влегла и ми ги проектира другите. Сенки, загатнати чувства, почетоци, сè на сè нежно но сепак непријатно ме притиска преку можноста да се биде мост помеѓу себе и другото.
Од квасецот на егото стасуваат сè повкусни крофни – упатства, рецепти, совети. Само еден спрат погоре не мора да се јаде.
Сите патишта водат кон лифтот и со напуштањето на тежеста, светлината ги сплескува искуствата во проѕирни пергаменти на она што доаѓа во вид на изобилство без никакви ограничувања и крај на сите не.