ponedjeljak, 23. srpnja 2012.

LOVE YOUR NEIGHBOUR

Новата лекција за Contraria sunt complementa

Немав полни дванаесет години кога учителката со креда од бела гасена вар на излупената табла го пишуваше името на лекцијата, со крескав звук на расштимано човечко грло и глас на принудна реалност објавувајќи – Хајзенберговиот принцип на неопределеноста...
Кога го заврши предавањето, и кога застана на среде училница прашувајќи
-          Може ли некој да повтори што кажав?
Не можев да одолеам, а премолчав. Сакав да ѝ кажам дека јас сè уште бев со Нилс Бор и дека не ќе можам туку така да ја заборавам својата прва љубов со проста замена на принципите. Сè уште од внатрешната страна на моето училишно ранче пишуваше „спротивностите се комлементарни“, а јас немав резервнен ранец, на кој би ги испишала новите формули за полесно да ги заборавам старите.
Учителката ми го даде шублерот и го прекина моето размислување вклучително втренчениот поглед низ прозорецот, во училишниот двор, неколкуте кучиња-скитници што се влечкаа наваму натаму прогонувани од роеви муви. Што ли ќе правам со моите физичари?
-          Ќе направиш експеримент, -рече, небаре го виде текот на моите мисли – ќе го измериш растојанието од замислената точка А до вистинската точка Ш и ќе го повторуваш опитот, се додека не се поклопат внатрешните и надворешните мерења.
-          Како да го одредам местото на почетокот?
-          Ќе се вратиш назад...
-          Назад – во што? – но останатите ученици, станувајќи од седиштата, веќе го направија шумот во доволна мера, за да не можам да го слушнам одговорот на учителката – се обидов да прочитам од нејзините усни, но и сликата беше матна, таа заличи на екран кој штотуку ја загубил врската со својот извор на сигнали, и јас повторно се загледав низ прозорецот. Кучињата беа без трошка сомнеж убедени дека законот на акцијата и реакцијата кога тогаш ќе се покаже како точен и ќе ги даде своите први плодови ако не во поголем избор на коски, тогаш барем во некаков свет во кој родот на мувите би бил симнат од таблата на можностите. Додека со речиси безживотни движења на шепите се бранеа од нападите на немукаетот, мене и понатаму во главата ми ѕвонеше – Табула гнаса, а не сакав да си играм со буквите, особено не сега, кога едно од главните кучиња ги подигна очните капаци и ме погледна право во очи.
-          Во пантеонот на моето срце(!) пелтечеше кучето, ти си мојата прва љубов, и мојот прв вкус на божественото. Морав да заминам и да станам скитник за да не те заробам во олтарот на опсесивната...
-          Посесивност.
Останав со шублерот во рака, а заборавив да прашам каде ќе се одржи натпреварот за петооделенците. Само неколку метри потаму, на огласната табла пишуваше – во фислултурната сала на училиштето „Песталоци“. Аха, си реков, до таму можам и пешки, и таман тоа време ќе го искористам за експериментот.
(продолжува)


subota, 21. srpnja 2012.

SUNSET AT MY FACE

Sunset at my face:
ЧЕЛО/ВЕК

ЦЕЛ ВЕК

СОН

ВО ЦЕ МОЛ
OH, YOU PRETTY THINGS...
ИЛИ ЗА УБАВИНАТА
Ф е д а р,    у б а в и н а т а   и   ш т у р ц и т е

Ова е легенда за природната музикалност на луѓето.

Имено, родот на штурците постоел пред да настанат Музите, и кога овие запеале, штурците толку се потресле од задоволство (хедоне), што заборавиле да јадат и пијат, заборавиле на самите себе, се исушиле и згинале, но од тој род на штурците-љубители на музите настанал човечкиот род, кој исто како штурците во врвно музичко задоволство станува гласник на некоја од Музите...


Te pozdravi Pena


utorak, 17. srpnja 2012.

Pseudosaurus's dream about hyperboreans


бунтот на сликите во далечина
ili хиперборејски копнеж на брегот на вардар

Во градот Скопје живееше жена којашто знаеше да вклучи телевизор и да гледа слики во времето. Со својата далечинска контрола го следеше текот на мислите до точката на непоистоветување, само гледајќи. 

И кога ќе пукнеше катодната цевка, жената знаеше да рече: „не се фаќај во замката на зборовите, just do it...”

nedjelja, 15. srpnja 2012.

ПРИТАЕНО ЈАГНЕ (ЗА ТАЈНАТА ВЕЧЕРА)

 
помеѓу баланс и падни стани
Кога подолго време практикуваш одреден начин на живеење со цел да ја постигнеш посакуваната рамнотежа како повеќе не би губел време во лечење и залекување на разни болести, и кога на крајот, постигнувајќи ја или барем нешто блиску до тоа, се случува да бидеш исфрлен од истата таа толку посакувана рамнотежа, со многу помал удар отколку претходно, кога всушност на некој начин во вртлогот на нерамнотежата, како да си бил имун на цела една палета на удари, можеби токму заради таа „ненамерно-намерна“ камуфлажа со некоја помала болешка, евентуално некој едвај забележлив синдром... Си одбираш еден хендикеп по мера, се притајуваш во срцето на слабоста и сето тоа го исфрлаш во првите редови, да им направи збунка на трагоследачите.
И кога по некое време ќе ти ја разбијат и таа лозинка, обично од софистичко - хакерски побуди, во рамките на прозорецот останува соголена твојата силуета на јагне-лав, припитомено животно коешто во име на новата љубов се обидува на сите можни начини да го заштити лицето на својот нов Господар, самата Вистина.