četvrtak, 6. rujna 2012.

Еден или Едем


INVISIBLE INGREDIENTS

Живееме постојано во исчекување на поубави нешта, а честопати, во исто време, сме во покајнички копнеж по она што минало...ја прифаќаме сегашноста како нешто  само привремено и не ја сметаме за ништо друго, освен како пат кон исполнување на нашата цел
DREAMS ARE THE
SEEDLINGS OF REALITY

А, колку незаситна е индивидуалната волја! Секогаш, кога е задоволена, твори нова желба, така што им нема крај на нејзините вечно незаситни посакувања.

Волјата е господарка на световите, сè ѝ припаѓа нејзе, таа не се задоволува со дел од што било, 
туку само со целината која сепак е бескрајна.
Во меѓувреме, мора да се сожалиме кога ќе согледаме колку малку добива оваа господарка на светот, кога зема појава на една индивидуа – колку за лек; обично само толку колку за да го одржи телото. Оттука потекнува длабоката болка.

EVERY FAILURE BRINGS WITH IT THE SEED OF AN EQUIVALENT
SUCCESS
Мојот живот беше тој постојан копнеж по сегашноста, самата желба да се родам, малото парче волја врзано за индивидуалноста, да биде распостелено долж линијата на животот и да ја испреде приказната, да се раскаже себеси, камчето од мозаикот да си свети со својот пламен независно од големата слика на генералниот од една страна урбанистички, од друга - космички план – пиејќи кафе со Шопенхауер, пишувајќи му химни на несвесното то ест правејќи попис на неговите реквизити на планот на личното постоење:
Денес, штотуку го изедов илјадитиот тост со кашкавал, во вишновата градина на Пена, малото маџирмаалско подмножество на Еден, со последните септемвриски смокви и првите сериозни грмотевици по долгото топло лето коишто ветуваа многу, но дожд сепак не падна.
DREAMS ARE THE
SEEDLINGS OF REALITY


Патем, имам неколку забелешки во однос на твојата теза за болката. Мислам, значи не постојам. Сегашноста е единственото сигурно пристаниште во кое треба да ја фрлиме котвата на умот. Лекот за којшто зборуваш е час VOLO, час NOLO, а нашиот живот класична клацкалка помеѓу...

utorak, 4. rujna 2012.

golden gate of heart


Бунтовникот, причината, крадецот и парите без покритие

The rebel the reason the thief and gold without money

 

БУНТОВНИКОТ поседуваше своја печатница за пари и секогаш кога добиваше нагон да ограби некоја банка влегуваше во печатницата за да го задуши нагонот.
Печатницата реагираше на неговата интонација што и да кажеше: со само еден збор се одредуваше бојата на банкнотата (и сумата) што веќе излегуваше од другата страна на печатачот.
-          Why money? – прашуваше главата
-          Why not? – одговараше петката
Петка-глава;  паричката неуморно се тркалаше угоре, впрочем, металот никогаш не може да се измори, и пак и пак паѓаше врз превртената дланка на бунтовникот ставајќи крај на неизвесноста:

-          Петка!
-          Море – не! Глава...
Бунтовникот беше сосема свесен дека тој самиот е златото по коешто трагаат сите човечки суштества заборавајќи дека еднаш, просто паднале од небото и се стркалале на оваа чудесна планета без приклучок...
Бунтовникот го пронајде овој приклучок ни помалку ни повеќе туку во своето срце и за да нема други забуни, нацрта една сфинга а под неа текст:
Овој линк води до закопаното богатство, кликни овде ХХХХХТТТТТПhhhhttttthhhhhh

ponedjeljak, 3. rujna 2012.

SUM? Ergo...ahaa... OUI

Мислечко Магаренце а ла Рене


На влезот во училницата лежеше мало згужвано листе залепено за подот со некаква мешавина од прав, зрнца песок и стопени снегулки што ги внесуваа крцкавите зимски чевли најчесто завиткани во крзно.
Го подигнав парчето хартија надевајќи се дека никој не забележа. Подоцна ќе го прочитам, си мислев. Рене седеше во магарешката клупа со затворени очи и усни коишто нечујно нешто мрмкаат. Ова со мислењето беше неговиот последен испад којшто учителката не можеше да му го прости.
-          - Мислам, значи на некој начин јас сум магаре! – викаше Декарт, колку што го држеше гласот. Учителката беше бледа како крпа и сите чекавме да почне да вреска. Но во тоа секако ќе ја попречеа повремените засилувања на звукот што доаѓаа од грлото на Рене...
-          - Рене! Реееееене! Престани! Мирен!
Но Рене не можеше да ја слушне, заради буката во неговата глава. Знаев што му се случува, а немаше како да му помогнам. Мораше сам да излезе од таа замка на мозокот.
-          - Магаре да сум, раат да сум!!!
-          Рене, престани да мислиш. Сè е толку едноставно. Прво постојам, а потоа ако сакам, можам и да мислам, и тоа, можам да мислам сè што ќе посакам. Но процесот на мислење е најмалку важен. Се обидував однатре да му ги наметнам овие мисли, за да го смирам. Попусто. Почна да ја свирка РЕБЕЛ, РЕБЕЛ; толку те сакам... (Rebel Rebel, I. Pop, 1969)


-          „Којзнае што сум“, и „дали воопшто постојам“, „кога мислам, речиси не постојам“, беше начкрабано на листето, а детето што седеше зад Рене препиша КОГИТО, наместо СУМ, и овој погрешен препис ја збуни учителката. Кој напишал Штраус наместо И.Поп? Сите молчеа, повеќе од страв отколку заради инает. Така некако Историјата го правеше својот залет од скокалницата на идеи, изведувајќи ги своите чудни, неочекувани салта коишто учениците не можеа лесно да ги запомнат туку им беа потребни часови, денови, години учење и повторување, за потоа бесконечно да репродуцираат глупости, како ова со шегата на Рене. Тој наводен доказ за постоењето, неколку дена со ред мораше да седи во магарешка клупа бивајќи искушуван околу димензиите на раатот. 

home delusion!


странично



доближувањето е оддалечување

 
Бог е љубов. Штотуку се укина забраната за залудно изговарање на името. Секакво поистоветување со нешто што не е оваа љубов создава чувство на шубе.
Битно. Сè додека ја почитуваш земјината тежа, ловиш во погрешен парк. Врските со земјата ги активираат програмите за самоуништување. Така нареченото страдање е всушност горење во огнот на поседувањето – нешто. 
И замисли си, тоа нешто да ти било негација на што?
Ете ти беља: другото Јас стана прозорче за ѕирнување во одандестраноста. И сега ѕиркај до мила волја ако ти даде. Оти може да ти забрани мислејќи дека Љубовта убива.
Ok, my delusions were almost killed…