srijeda, 31. listopada 2012.

reading reality

Како ќе ја скриеш својата необичност?
Правејќи се обичен.
Може ли космосот да оди со нозете на еден пајак?

I'm stepping out

Woke up this morning, blues around my head No need to ask the reason why Went to the kitchen Blew my worries to the sky
I'm stepping out I'm stepping out I'm stepping out I'm stepping out
If it don't feel right, you don't have to do it Just leave a message on the phone and tell them to screw it After all is said and done you can't go pleasin' everyone So screw it


.......


utorak, 30. listopada 2012.

immigrant song


Така заминаа сите
Оставајќи ги своите сидра спуштени
Сцените разурнати
Така заминаа
Како да ќе останат
Засекогаш млади и среќни
Во тоа пресликување на мигот
Во таа измама на вечноста
Така нагло заминаа додавајќи
Бетон во сегашноста
Така заминаа како килибар
Зацементирани во фасадата
На бирото за надворешни работи

četvrtak, 4. listopada 2012.

HEY YOU


И ЉУБОВТА ТРПИ ПРОМЕНИ



kafe vo Bogomila, selo vo centralna Makedonija


Сабајле беше укинат митот за LOVE WILL TEAR US APART, AGAIN, и заменет со Еј, ти (не младото момче архетип, туку вистинската HEY YOY верзија на прашање што си го поставуваш пиејќи го првото кафе

Нашето гледање е жива трансценденција: кога те гледам тебе, ме нема мене. Знам дека не сум ти, но сепак некаде таинствено исчезнувам.

Сакам да молчам. И така да зборувам. Меѓу лисјата див костен, орев, лоза, смокви, јаболко. Оваа градина стана расадник на живот, библиотека на еден ракопис отпечатен како стапка што нема да мрдне понатаму. Еве како се отвора хоризонтот на мојата безгрижна самост, во погледот кој опишува круг во внатрешнината, и ја игра онаа пантомима на немоќ да го пронајде местото во вид на легло, перниче, шпорет, и воопшто сè што оди со покуќнината, но пред сè растреперено, обезглавено срце...

4 ti okt. 2012!

nedjelja, 16. rujna 2012.

Zarem i Jas, Tatko...?


Зарем и Јас, татко?


За последен пат дојдов на планетава во втората половина на 20-от век. На крајот на седмата деценија. Мерењето на времето, впрочем, нека остане на страна во оваа приказна.
Земјава е една голема, подвижна, тркалезна платформа на војни. Пред да станат титани, луѓето ги вкрстуваат копјата околу своите холограмски претстави за закопаното богатство. Се бијат во едноставни судири, како стакло кога се удира од камен, или бран кога мава во карпа. И разлетаните капки, распрскувањето и милионите здробени честици, се епското продоллжување на преобликувањето.
Многу рано забележав дека имам врска со колективното несвесно. На таванот открив кутија со правливи писма коишто Татко ѝ ги праќал на Мајка додека уште биле деца и тој ѝ се додворувал со своите дрвени пиштоли на вода, убивајќи ја секогаш кога таа ќе излезела на улица. Во еден свој немушт одговор таа го замолува да престане со заведувањето, бидејќи од сигурни извори знае дека тој е оној што ќе ги изеде своите деца, зашто така е речено. Но Деус бил мошне настојчив кога ги полнел своите пиштолчиња со вода и ја посакувал од далеку, знаејќи дека ќе биде негова.
И зарем мајка можела да се одбрани? Кога дошло време, таа требала да ја прифати мисионерската позиција и да легне под него, а потоа во топлината на својата душа да направи место за инкубација на неговите идеи. И татко да раѓа, со нејзината утроба. Така се стркалале многу месечини низ градината на нивниот љубовен занес.
Јас лично сум била испорачана преку нејзината утроба во вид на убаво бебе, како што веднаш кажала бабицата. За да не ме изеде Деус, му подметнале камен. 


И кога чепкав во сандакот со писма, открив дека нивната преписка траела сè до мигот кога Татко сфатил дека сум жива. Напишал само уште едно писмо во кое соопштува дека ќе замине, но секогаш ќе биде блиску, доволно за да можам да го почувствувам кога и да посакам. Брррр!
Така мајка ми ја раскажа приказната за моето создавање. Таа била извадена од татковото ребро, а јас сум била направена од истата прашина како Татко!
Мајка од првиот миг ми го вдахнуваше духот на храброста давајќи му инструкции како да тече низ моите вени сè додека дишам. Никогаш нема да се плашиш, бидејќи смртта ќе те чува од секакво зло на овој свет! Така станав пријател на смртта и лектор на лошите преводи на книгата на Животот. На пример, наместо Лилит, како што сакала да ме нарече кумата, во 34-тата глава на дедо ми Исаија од Дебар, ресавската школа го вметнала зборот – вештерка, мислејќи на духот од дното на Црвеното Море! Направиле компромис околу името, кога мајка рекла ниту по баба, ниту по вујна, туку по градот на будните – така дошла на свет Разбудената! Од едната страна сонце, од другата месечина: бидејќи крвта не е вода, разбудената ги сакаше човечките суштества но не по цена да се врзува со нив или да им раѓа деца –духот што течеше низ нејзината крв ѝ даваше сила да стои рамо до рамо со реброто на Човекот.
Загубените во преводот наскоро ги загубија и свитоците од таванот на нашата стара куќа во близина на Мустафа пашината џамија, источно од главниот влез на скопската Тврдина (Кале), та оттаму оваа слободна интерпретација на моето време...по сеќавање и љубов, без страв од буквите, оти баба ми често знаеше да рече дека една буква* може сè да смени!


*нека биде ова златното клуче за буквалистите, до чиишто лица насмевката едвај да си го најде патот...и поетот кој рече, го убила премногу силна буква...