Но што ако прочита некој од Латињаните, овие од
набљудувачките мисии? Ќе го принуди омбудсманот (иако е неделно попладне кога
сите лежат изложени на сонце), да покренува коекакви обвиненија....против
Gens
Gentibus
Знаете веќе, какви се адвокатските улички, ѕиркаат низ тендата на нивните бласфемични
очила, секогаш
Основната карактеристика на моралот е да предизвикува
чувство на досада кај оние што по вијугите на заобиколницата сфаќаат дека
repetitio est mаter studiorum, a mos, како и mini moris во голема мера го
прибавуваат повторувањето, за после илјадитата грешка да дојде откритието дека сè е
точно! Дека е онака како што треба да е
и дека никогаш ниту имало грешка! Дека и ако ги имало, грешките биле
неповторливи, уникатни светови за себе и дека нема таков образец што може да го
вшмука тој двоец на хромозоми – виновен и слободен од вина во исто време. За
тоа време досадата суптилно го попречува знаењето, додека ова се обидува да го
изведе својот финален шут занимавајќи се со изобилието фрустрации – човечкото тело
како можност за еволуција на смртната казна пред сè...
Woke up this morning, blues around my headNo need to ask the reason whyWent to the kitchen Blew my worries to the sky I'm stepping outI'm stepping outI'm stepping outI'm stepping out If it don't feel right, you don't have to do itJust leave a message on the phone and tell them to screw itAfter all is said and done you can't go pleasin' everyoneSo screw it
Сабајле беше укинат митот за LOVE WILL TEAR US APART, AGAIN, и заменет со Еј, ти (не
младото момче архетип, туку вистинската HEY YOY верзија на прашање што
си го поставуваш пиејќи го првото кафе
Нашето гледање е жива трансценденција: кога те гледам тебе, ме нема мене. Знам дека не сум ти,
но сепак некаде таинствено исчезнувам.
Сакам да молчам. И така да зборувам. Меѓу лисјата див
костен, орев, лоза, смокви, јаболко. Оваа градина стана расадник на живот,
библиотека на еден ракопис отпечатен како стапка што нема да мрдне понатаму. Еве
како се отвора хоризонтот на мојата безгрижна самост, во погледот кој опишува
круг во внатрешнината, и ја игра онаа пантомима на немоќ да го пронајде местото
во вид на легло, перниче, шпорет, и воопшто сè што оди со покуќнината, но
пред сè
растреперено, обезглавено срце...