Основната карактеристика на моралот е да предизвикува
чувство на досада кај оние што по вијугите на заобиколницата сфаќаат дека
repetitio est mаter studiorum, a mos, како и mini moris во голема мера го
прибавуваат повторувањето, за после илјадитата грешка да дојде откритието дека сè е
точно! Дека е онака како што треба да е
и дека никогаш ниту имало грешка! Дека и ако ги имало, грешките биле
неповторливи, уникатни светови за себе и дека нема таков образец што може да го
вшмука тој двоец на хромозоми – виновен и слободен од вина во исто време. За
тоа време досадата суптилно го попречува знаењето, додека ова се обидува да го
изведе својот финален шут занимавајќи се со изобилието фрустрации – човечкото тело
како можност за еволуција на смртната казна пред сè...
Nema komentara:
Objavi komentar