Но што ако прочита некој од Латињаните, овие од
набљудувачките мисии? Ќе го принуди омбудсманот (иако е неделно попладне кога
сите лежат изложени на сонце), да покренува коекакви обвиненија....против
Gens
Gentibus
Знаете веќе, какви се адвокатските улички, ѕиркаат низ тендата на нивните бласфемични
очила, секогаш
Основната карактеристика на моралот е да предизвикува
чувство на досада кај оние што по вијугите на заобиколницата сфаќаат дека
repetitio est mаter studiorum, a mos, како и mini moris во голема мера го
прибавуваат повторувањето, за после илјадитата грешка да дојде откритието дека сè е
точно! Дека е онака како што треба да е
и дека никогаш ниту имало грешка! Дека и ако ги имало, грешките биле
неповторливи, уникатни светови за себе и дека нема таков образец што може да го
вшмука тој двоец на хромозоми – виновен и слободен од вина во исто време. За
тоа време досадата суптилно го попречува знаењето, додека ова се обидува да го
изведе својот финален шут занимавајќи се со изобилието фрустрации – човечкото тело
како можност за еволуција на смртната казна пред сè...