srijeda, 30. svibnja 2012.

ЈУНГОВИОТ СКАРАБЕЈ



Понекогаш се појавува како оса, многу ретко и едвај се доближува. Совршено ги исцртува тие нелогични фрактали во близина на некој лакт, веѓа, раме. И одлетува.
Потоа, на ниеден можен начин објасниво па дури и утопија за раскажување, во влезната врата од мојата куќа преку ноќ се изѕида пчеларник. Ископале три дупчиња на левото крило на вратата и постојано нешто внесуваа и изнесуваа. Го почитував овој пчеларник и внимавав при секое влези и излези низ вратата.
Еднаш во дневната соба најдов коњоштип, превртен на грб, претајќи во обид да земе замав и да се преврти на стомак за да може да си оди по патот. Ми личеше на скорпија, и воопшто не разбуди никаква сомилост. Додека ги гледав неговите клешти, копје, забите со противотров наместо глеѓ, посакав да го убијам гласникот.
Секогаш кога нешто такво ќе зазуи ме потсетува дека Сè е Едно. Во неговиот кабинет, на сеанса. Незнам зошто, не лежам на каучот туку сум он.



Nema komentara:

Objavi komentar