nedjelja, 11. studenoga 2012.

спирална динамика на отсуството


Основната карактеристика на моралот е да предизвикува чувство на досада кај оние што по вијугите на заобиколницата сфаќаат дека repetitio est mаter studiorum, a mos, како и mini moris во голема мера го прибавуваат повторувањето, за после илјадитата грешка да дојде откритието дека сè е  точно! Дека е онака како што треба да е и дека никогаш ниту имало грешка! Дека и ако ги имало, грешките биле неповторливи, уникатни светови за себе и дека нема таков образец што може да го вшмука тој двоец на хромозоми – виновен и слободен од вина во исто време. За тоа време досадата суптилно го попречува знаењето, додека ова се обидува да го изведе својот финален шут занимавајќи се со изобилието фрустрации – човечкото тело како можност за еволуција на смртната казна пред сè...

Nema komentara:

Objavi komentar