nedjelja, 9. rujna 2012.

l e t t h e r e b e l i g h t


Алтернативна приказна за скриената светлина
Зошто се крие светлината? 

Од кого се крие светлината: што друго постои освен светлината? Како може да се скрие сонцето? Заоѓајќи? Изгревот и залезот, дали тоа е некакво жмиркање, трепкање на некое големо окце? Ако Сонцето  е зеница во тоа окце, едно трепнување е доволно денот да стане ноќ, трепките се лелеавата завеса којашто иако само за миг се спушта,  сепак едно намигнување предизвикува  ноќ... А потоа големото постоење се буди, се крева повторно во силата на брановидното движење, изгрева и гледа...гледа...набљудува...што ли само гледа? 

Па нели сето ова е самото тоа што е? Драмата на постоењето? Бркотницата на пулсот?
Првата светлина се сокрила под здолништето на големата мајка, и околу неа почнале да се пластат лушпите на злото. Што е тоа, отсуство на бои? Метафизички амајлии за некој што ем мижи, ем бае? Постои ли зло? Што е тоа, ако сè е светлина?

 Станува сè појасно дека приказната за почетокот на сè се мистифицира за да може секој сам да има шанса да го бара и да го најде излезот од лавиринтот. Ако секој не излезе сам, нема да знае дека бил загубен.
Во морето светлина... во океанот зад физиката...


Добредојдовте во светлината на појавното! Со оваа парола би биле дочекувани посетителите во луна паркот на животот привид.
Дојдете си на Себеси! Вака би извикувал оној космички колпортер кој на тротоарите на некој млечен булевар би расфрлал звездена прашина наоколу предизвикувајќи бури на левото и мноштво дежавија на десното крило на пеперутката...
LOVE!!!

Nema komentara:

Objavi komentar